Бугарија е европски рекордер по бројот на пушачи со речиси 7 отсто над просекот во ЕУ. 28 отсто од населението пуши секој ден со што земјата се најде во еден од лошите графикони на Еворпаската комисија откако беа објавени податоците по повод Меѓународниот ден против пушењето.
Дури 30 отсто од 15-годишните девојчиња во Бугарија редовно купуват цигари. Пушејќи, тие се први меѓу нивните врсници од другите европски земји. 21 отсто од 15-годишните момчиња се исто така пушачи. Поразителни податоци иако продажбата на цигари на малолетни лица е забранета со закон.
По Бугарија на второ место по број на пушачи е Хрватска, а потоа следуваат Грција, Унгарија. Од земјите надовр од ЕУ, Турција има најголем број на пушачи на дневно ниво.
Според проценките на Светската банка, цената што ја плаќа здравствениот систем на една земја за здравствените ефекти од употребата на тутунот е помеѓу 0,1% и 1,1% од бруто домашниот производ на различни земји.