Бугарија одреди гранични премини кои ќе овозможат непречено одвивање на транспортот на стоки. Вклучително, на овие премини, ќе бидат вршени проверки и здравствени прегледи на транспортните работници, за кои како што соопштија властите, нема да надминуваат повеќе од 15 минути.
Тие ќе бидат отворени за сите товарни возила кои превезуваат секаков вид на стока. На границата со Грција, Кулата и капетан Петко Војвода се наведени за главни гранични премини, а како резервен преминот Илинден. Со Романија, граничните премини Видин и Русе, а резервни се Орјахово и Силистра.
Граничниот премин Калотине ќе се користи за пренос на стоки помеѓу Бугарија и Србија. Кон Турција преминот Капетан Андреево и кон Македонија ќе се користи преминот Ѓошево.