Бугарија одлучи да не учествува во Глобалниот пакт за миграции на ОН, рече шефот на пратеничката група на владејачката партија GERB, Цветан Цветанов.
Додаде дека таа спогодба ги нарушува бугарските национални интереси.
„Позицијата на бугарската влада е да не се придружи на глобалниот пакт за миграции на ОН“, рече тој на состанокот на коалиционите шефови. Ројтерс наведува дека помладиот коалициски партнер на GERB, Обединети патриоти, силно се противи на пактот.
Во среда за пактот треба да се расправа в бугарското собрание. Сo ова Бугарија им се придружи на земјите кои одбија да се придружат на пактот на ОН, меѓу кои и Полска, Австрија и Унгарија.
Пактот пропишува начин на кој државите се однесуваат кон мигрантите ширум светот.
Претседателот на Европската комисија, Жан-Колд Јункер повика денеска во Берлин на единство на Европа по прашањето на миграција и други проблеми.
„Доколку една, две или три држави го напуштат пактот за миграција на ОН, тогаш ние како ЕУ не можеме да ги чуваме сопствените интереси“, рече Јункер.
Хрватска и Словенија исто така се двоумат околу останувањето во пактот на ОН.