Регион 29. јануари 2019. / 21:23

Бугарија ќе го воведе еврото до 2022 година

Бугарија ќе го воведе еврото до 2022 година

Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави денеска дека неговата земја се уште има за цел да го воведе еврото до 2022 година и покрај отпорот од некои локални бизнисмени кои стравуваат од поголема контрола врз економијата.

Според него, една од главните придобивки од воведување на еврото е тоа што банкарскиот систем на Бугарија ќе биде повеќе дисциплиниран, бидејќи ќе биде надгледуван од Европската Централна банка, а не од властите кои, како што наведе Борисов, знаат понекогаш да бидат поблаги.