Регион 10. јуни 2020. / 10:39

Бугарија ја продолжи вонредната состојба до крајот на јуни

Бугарија ја продолжи вонредната состојба до крајот на јуни

Вонредната состојба во Бугарија ќе продолжи до крајот на јуни, изјави премиерот Бојко Борисов во Советот на министри. Тој додаде дека ќе има наредба за тоа до крајот на денот.

– Мораме да се навикнеме да живееме со овој вирус, рече Борисов.

Главниот   државниот санитарен инспектор,  Ангел Кунчев, побара вчера продолжување поради зголемен број случаи на зараза со коронавирусот, утврдени во последните денови во општините Родопи и Сливен.

Но, во практика од 15 јуни почнува отворање театри, кина – на 50 отсто или преку седиште, маските во јавен превоз остануваат задолжителни.