Бугарскиот парламент ги забрани анонимните акционери во фирмите.
Вчера парламентот со нови измени на Законот за трговски друштва забрани постоење на анонимни акционери во фирмите.
Со измените се предвидува сите акции на доносител да се заменат со акции на име. Промената се прави за да се идентификуваат вистинските сопственици во фирмите, кои многу често во минатото биле затскриени зад акциите на доносител, со што во Трговскиот регистер отсуствувала информацијата за тоа кој вистински управува со фирмите.
По влегување на сила на законските измени, бугарските компании ќе имаат период од 9 месеци за да ги направат промените, односно сите акции на доносител да се заменат со акции на име.