Бугарија почнува со преговори со САД за набавка на осум американски воени авиони Ф-16.
Бугарското министерство за одбрана и предложи на Владата да ги почне преговорите со САД за набавка на 8 борбени авиони Ф-16V Block70. Со купувањето на најсовремените американски авиони опремени со радари и оружје од последната генерација би се зголемил капацитетот на военото воздухопловство и би се намалила зависноста од трети земји , појаснуваат од Министерството за одбрана.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео во вторникот телефонски разговараше со премиерот Бојко Борисов и го уверувваше дека Вашингтон е подготвен да ја надополни понудата на отворениот тендер , за да се приспособи кон бугарскиот буџет и оперативните барања.
Парламентот за оваа намена одобри 900 милиони евра , но американската понуда е поскапа.
Затоа беа разгледувани и понудите на Шведска за нови авиони Грипен и за користени италијански авиони Еурофајтер.Сепак , комисијата утврдила дека италијанската и швадската понуда не содржат делови за авионите , поради што Бугарија би требала да добие лиценци и да зависи од други земји.