Расте бројот на заразени од коронавирусот во Бугарија.
Бугарските власти објавија дека во земјата се регистрирани првите четири случаи на КОВИД-19, од кои два се во северниот град Плевен, а два во Габрово, во централниот дел на земјата.
Владата соопшти дека денеска ќе одржи итен состанок за да се продискутира за мерките што треба да се преземат против ширењето на коронавирусот.
Покрај Бугарија, прв случај на коронавирус пријавија и Колумбија, Костарика, Малта, Малдиви и Парагвај.