Регион 10. март 2020. / 09:48

Бројот на заразени од корона вирусoт во Грција се искачи на 89

Бројот на заразени од корона вирусoт во Грција се искачи на 89

Министерството за здравство на Грција утрово соопшти дека се потврдени пет нови случаи на корона вирусот, четворица се блиски контакти на веќе потврдени случаи, еден е кај лице кое патувало во Лондон, а бројката на заразени со Ковид-19 во Грција се искачи на 89 лица.

Претставникот на Министерството за здравство на Грција, задолжен за корона вирусот, професорот Сотирис Циодрас соопштува дека е влошена состојбата на лицето кое изминатите денови е хоспитализирано на интензивна нега во болницата во грчкиот град Патра и се наоѓа во критична состојба.