Регион 04. декември 2019. / 12:21

Брод плови без контрола во близина на Лезбос

Брод плови без контрола во близина на Лезбос

Tоварен брод под либериско знаме плови без контрола во морскиот дел меѓу грчките острови Лезбос и Скирос поради проблем со моторот.

Четиринаесте членови на екипажот побарале помош од грчките власти за да го напуштат бродот што поради големината и тежината на товарот се навалил од едната страна по што со хеликоптери биле успешно спасени и пренесени на островот Скирос.

Во морскиот дел, каде што е бродот, се наоѓаат бродови и чамци на крајбрежната служба и на воената морнарица на Грција како и два хеликоптери.