Српската премиерка, Ана Брнабиќ, во изјава за „Танјуг“ најави реакција на официјален Белград по одлуката на Приштина за забрана на влез на сите српски официјални претставници во Косово.
Брнабиќ во изјавата укажува на, како што вели, зголемените провокации од страна на Приштина, кои, според српската премиерка, имаат влијание врз регионалната безбедност, соработката и вмрежувањето.
–Тоа е нешто на што допрва ќе реагираме – изјавила Брнабиќ.
Според неа, Приштина сé повеќе повлекува вакви чекори, вклучувајќи ја и денешната одлука за забрана за сите српски официјални претставници да патуваат на територијата на Косово и Метохија.