Регион 04. ноември 2020. / 12:32

Брнабиќ: Србија денес очекува над 2.000 заболени од Ковид-19

Брнабиќ: Србија денес очекува над 2.000 заболени од Ковид-19

Во Србија во моментов на болничко лекување се повеќе од 2.000 пациенти, вели премиерката Ана Брнабиќ и наведува дека за жал денеска се очекуваат исто толку новозаразени, а само во Белрад повеќе од 1.000.

Брнабиќ рекла дека на болничко лекување во еден момент најмногу имало околу 5.500 луѓе.

-Без сомнеж, епидемиолошката ситуација се влошува. Тоа го видовме во цела Европа. На нас секој ден ни е важен до моментот додека не завршиме две нови Ковид болници, во Белград и Крушевац, и тогаш ќе биде полесно и за нашиот здравствен систем, а ќе им биде полесно и на граѓаните кои мораме да ги лекуваме од други болести. Тоа ќе биде на почетокот на декември, рекла Брнабиќ за ТВ Прва.

Таа ги замолила граѓаните да носат маски и да ги следат сите препораки, затоа што, како што вели таа, тоа не го прават во доволна мера.

-Исклучително е важно да продолжиме да балансираме меѓу економијата и здравството, затоа што од економијата добивасме приходи од кои ги плаќаме сите трошоци за здравство и опрема, и новите Ковид болници и тестовите. Исто така, сакаме да ги зголемиме плататите на здравствените работници. Тоа е се од економијата. Кога би затвориле се не би можеле да влоѓуваме во здравството, објаснила премиерката.

На прашањето како е можно да биде прогласен полициски час во моментот кога имаше 300 заразени, а сега кога се над 2.000 нема полициски час, Брнабиќ рекла дека тогаш тоа било прв удар и никој не знаел многу за вирусот и додала дека константен карантин не е одржлив.