Ситуацијата во регионот несомнено е нестабилна, што најмалку и одговара на Србија, изјави српската премиерката Ана Брнабиќ истакнувајќи дека претседателот на државата, Александар Вучиќ реагирал навремено и дека во сабота тој ќе разговара во Белград со Србите од Црна Гора и Република Српск, пишува новинската агенција Танјуг.
– Вучиќ во сабота ќе разговара со нив како на најдобар начин да им помогне и да ги поддржи, но и како ние да се обидеме и понатаму да ја смируваме ситуацијата во регионот. Нам ова најмалку ни одговара, рече Брнабиќ, одговарајќи на новинарско прашање.
Наведе дека таа нема да присуствува на состанокот бидејќи во сабота ќе отпатува на безбедносен форум во Минхен.
– Се трудиме повторно да повикаме на мир и стабилност, но не со загрозување на правата на Србите било каде во регионот, кои, морате да признаете, во овие моменти се загрозени. Тоа што се случува не би требало да се случува, наведе српската премиерка.
Брнабиќ истакна дека таквите проблеми треба да се решаваат по дипломатски пат, на внимателен начин.