Регион 09. септември 2019. / 19:55

Брнабиќ: Ревизијата на историјата во Хрватска е застрашувачка, не само за Србија туку и за цела Европа

Брнабиќ: Ревизијата на историјата во Хрватска е застрашувачка, не само за Србија туку и за цела Европа

Ревизијата на историјата која се случува во Хрватска е застрашувачка, не само за Србија и регионот туку за цела Европа, изјави претседателската на српската влада Ана Брнабиќ.

Ревизијата на историјата која се случува во Хрватска е застрашувачка, не само за Србија и регионот туку за цела Европа, изјави претседателската на српската влада Ана Брнабиќ.

Таа предупреди дека тоа е проблем кој ја надминува Србија и дека тоа е проблем на Европската Унија.

Брнабиќ за телевизијата Н1 кажа дека има премногу инциденти во Хрватска, напади врз, како што кажа, малкуте останати Срби, како и дека тие инциденти не ги избегнале ни повратниците.

Мислам дека целата нивна (изборна) кампања се заснова на Србија и кој може да биде поголем националист во негативна смисла на зборот. Тоа не им придонесува на односите, што и да направи Србија, Хрватска на тоа гледа како на провокација. Легитимно е да испратиш делегација да им одаде почит на местото на еден од најголемите погроми на Србите, Евреите и Ромите на целата територија на Европа, жал ми е што Хрватска тоа не го дозволи – кажа Брнабиќ по повод одлуката на хрватските власти да не дозволат влез на територијата на Хрватска на делегацијата на српската војска која требаше да присуствува на комеморација во Јасеновац.

На прашањето дали е можен разговор, Ана Брнабиќ кажа дека тоа не зависи од Србија, која, како што истакна, секогаш е спремна на дијалог.

За жал, додека кај нив трае кампањата, не гледам дека се отворени за разговор ниту пораки кои водат кон нормализација на односите. Таа ревизија на историјата која се случува во Хрватска е застрашувачка не само за Србија и регионот туку за цела ЕУ, и тоа е проблем кој ја надминува Србија, тоа е проблем на ЕУ – кажа српската премиерка.

Таа го поздрави одржувањето на првата Парада на гордоста во Босна и Херцеговина.

Им посакувам сѐ најдобро, не одеше лесно ни кај нас. Можат луѓето се согласуваат или да не се согласуваат, да имаат различни мислења, но насилството не е одговор. Им посакува сѐ најдобро. Мислам дека тоа ја покажува отвореноста и нивото на демократија на општеството – кажа српската премиерка Брнабиќ.