Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ изјави денеска дека одлуката на Вашингтон да ја стопира 200 милиони евра вредната инвестиција во Косово е јасна политика на САД, за која се заблагодари на администрацијата на Трамп и истакна дека би сакала и ЕУ конечно јасно да каже која е нејзината политика во однос на таксите на Приштина.
– Сакам да и им се заблагодарам на САД и на администрацијата на Трамп, бидејќи навистина доследно ги спроведуваат работите кои ќе ги соопштат. Тоа е потполно транспарентна и предвидлива политика и им благодарам на тоа, изјави Брнабиќ одговарајќи на прашања на новинарите.
Таа истакна дека е важно да се испрати ваков јасен сигнал, не само за Србија, туку и за сите граѓани на територијата на Косово. Брнабиќ рече дека би сакала и ЕУ конечно јасно да каже која е нејзината политика кон таксите на Приштина, кои се толерираат повеќе од една година, а кои претставуваат јасно кршење на договорите со ЦЕФТА и ССП.