Регион 08. March 2019. / 11:41

Брнабиќ: Платформата е завршен удар врз дијалогот

Брнабиќ: Платформата е завршен удар врз дијалогот

Преговарачката платформа на Приштина, без сомнение е третиот и последен удар врз дијалогот, тоа е документ против каков било компромис и дијалог, спротивен на здравиот разум, а реакцијата на Србија ќе биде одмерена и во интерес на нашите граѓани, изјави премиерката на Србија, Ана Брнабиќ.

Таа по завршување на состанокот на Советот за национална безбедност на Србија изјави дека заклучок е, по избегнувањето за формирање на Заедницата на српски општини во Косово, како и воведување на такси за стоките од Србија и Босна и Херцеговина, дека усвојувањето на платформата преставува трет и последен удар за дијалогот.

Брнабиќ најави дека по новонастаната ситуација со донесувањето на платформата во Приштина, најтесниот државен врв ќе разговара в недела со патријархот Иринеј и Синодот на Српската православна цркв.

Како што најави Брнабиќ, претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска ќе излезе со повеќе информации за јавноста.

Генералниот секретар на претседателот на Србија, Никола Селаковиќ утринава на РТС изјави дека одговорот на претседателот Вучиќ на преговарачката платформа на Приштина ќе биде рационален, сериозен, одговорен и цврст.

На седницата на Советот за национална безбедност со која претседаваше претседателот Александар Вучиќ присуствуваа премиерката Ана Брнабиќ, шефот на БИА Братислав Гашиќ, вицепремиерот и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, министерот за одбрана Александар Вулин, началникот на Генералштабот генерал-потполковник Милан Мојсиловиќ, директорот на полицијата Владимир Ребиќ и други.