Регион 17. јули 2019. / 20:53

Брнабиќ: Ние сме спремни за преговори со Приштина

Брнабиќ: Ние сме спремни за преговори со Приштина

Србија е буквално подготвена веднаш да се врати на преговарачката маса и да го продолжи дијалогот со Приштина, изјави денеска српската премиерка Ана Брнабиќ.

Таа изрази надеж дека политичките лидери од Приштина ќе имаат доволно храброст и одговорност да ги променат своите одлуки за да може да дојде до дијалог.

– Ние сме подготвени кој било ден да се вратиме на преговарачката маса и да продолжиме со дијалогот. Тоа е единствен начин за да постои стабилност на Косово и Метохија, а луѓето да продолжат да живеат мирно. – изјави Брнабиќ.

Премиерката наведе дека посетата на францускиот претседател Емануел Макрон била многу важна за позиционирањето на Србија.

– Мислам дека посетата помина подобро од очекуваното. Голема благодарност за сето она што Макрон го кажа додека престојуваше во Србија, за сите сигнали на поддршка и за можеби најсилната порака досега дека ништо не е завршено и дијалогот мора да продолжи. – заклучи Брнабиќ.