Перспективата дека Црна Гора е на ивица на граѓанска војна е толку страшна што не сакам ниту да размислувам на таков начин, изјави денеска премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, истакнувајќи дека на Србија и е најважна регионалната стабилност.
Во гостување на ТВ Прва, одговарајќи на прашање дали е Црна Гора заради настаните случени по повод носењето на Законот за слобода на вероисповед, на раб на граѓанска војна изјави:
– Таа перспектива ми е страшна што не сакам ниту да размислувам на таков начин. За нас е најважна регионалната стабилност, без која нема ниту стабилна Србија, изјави Брнабиќ, а пренесува српска Политика.
Повторувајќи дека за Србија од суштинско значење е регионалната стабилност, таа рече дека единствено на таков начин Србија ќе може да ги продолжи реформите, после кои и на конкретен начин ќе може да помогне на Србите каде и да живеат, посебно во регионот.
Денеска владата на Црна Гора соопшти дека Судот во Стразбур го одби барањето од Србија за забрана на законот. Откако беше донесен илјадници верници на Српската православна црква и граѓани протестираат во Црна Гора и во земјите од регионот.