Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека владата на Србија не размислува за воведување задолжителна вакцинација и дека тоа би било спротивно на сите стандарди на човековите права.
-Вакцинацијата е многу важна, но не можеме да ја направиме задолжителна бидејќи има категории на населението кои не можат да ја примат вакцината и за тоа можат да зборуваат лекарите. Но сите ние кои можеме да ја примиме, наша граѓанска должност е да го направиме тоа бидејќи со тоа ги штитиме и луѓето кои тоа не го можат, кажа Брнабиќ.
Таа се надева дека луѓето ќе го разберат тоа и дека има значително голем интерес за вакцинирање.
-Се надевам дека ќе продолжи така, денес почнува една голема кампања на повик за вакцинација преку телевизија, весници, билборди и ги повикувам, особено постарите, задолжително да се вакцинираат, кажа српската премиерка.