Владата на Србија утре на редовна седница ќе донесе мерки, како одговор на одлуката на Хрватска да му забрани на српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, да влезе на територијата на земјата.
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ која вчера соопшти дека мерките ќе бидат објавени денеска, се извини и рече дека направила лапсус со датумот.
„Имам предлог одлука, утрово работев на тоа“, рече Брнабиќ пред новинарите.
Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар вчера изјави дека не ја интересираат контра мерките, туку како во иднина ќе се развиваат односите помеѓу двете земји.