Ана Брнабиќ, премиер на Србија, посочи дека медицинскиот дел од тимот на Кризниот штаб инсистира на заострување на мерките.
Сигурно ќе мора да ги заостриме мерките, но ќе видиме што може да се стори и што е најпаметно, рече Брнабиќ во селото Јунковац во Лазаревац, одговарајќи на прашањата на новинарите дали мерките ќе бидат засилени.
Премиерката рече дека ги разбира здравствените работници, но дека треба да се размисли и што ќе донесат дополнителните ограничувања во однос на дополнителни прекршувања на мерките што не можат да се контролираат.
– Се обидуваме да најдеме рамнотежа и мислам дека успеваме во тоа, бидејќи сè уште имаме генерално доста добри индикатори, економски и здравствени, рече Ана Брнабиќ.