Регион 31. јануари 2021. / 14:49

Брнабиќ и одговори на Џенифер Анистон, откако ја избра за една од најмоќните жени

Брнабиќ и одговори на Џенифер Анистон, откако ја избра за една од најмоќните жени

Актерката Џенифер Анистон на својот Инстаграм профил им оддаде почит на моќните жени во светот, а меѓу нив ја вклучи и Ана Брнабиќ, по што сега премиерката ја прокоментира оваа објава.

Имено, актерката неодамна на својата Инстаграм приказна објави фотографии од жените кои ги смета за најуспешни и напиша:

-Додека светот беше вознемирен од бучавата на оние кои се отпорни на промените. Промената секако се случува“.

 Коментирајќи ја објавата на актерката, премиерката изјави дека тоа е одлично за нивната земја.