Регион 06. јули 2020. / 15:06

Брачна двојка од Словенија се соочува со затвор: Свесно криеле дека имаат корона вирус

Брачна двојка од Словенија се соочува со затвор: Свесно криеле дека имаат корона вирус

Две лица од Словенија се пријавени поради кршење на карантинските правила и ширење на вирусот Ковид-19, за што ќе бидат казнети со парична или затворска казна.

Како што изјави портпаролот на словенечката влада, Јелко Кацин, 37-годишна жена дознала дека нејзиниот сопруг има Ковид-19, но кога ја повикала брзата помош, таа не ги известила за болеста со што го загрозила здравјето на другите луѓе. Во меѓувреме, нејзиниот сопруг, кој работел за голема словенечка компанија, продолжил да оди на работа и покрај тоа што требало да биде во карантин.

Поради ваквите постапки е поднесена кривична пријава против брачната двојка за ширење на корона вирусот од небрежност.

Кацин додаде дека досега се издадени 1.213 налози за карантин на граничните премини со Унгарија и Хрватска и на аеродромот во Љубљана и дека повеќето луѓе се придржуваат кон самоизолацијата.