Регион 04. ноември 2020. / 15:33

Брабиќ: Кој и да победи во САД ќе биде наш партнер

Брабиќ: Кој и да победи во САД ќе биде наш партнер
Фото: Танјуг/Драган Којунџиќ

Кој и да победи на претседателските избори во САД ќе биде наш партнер, изјави денеска премиерката Ана Брнабиќ.

Тоа не е наш избор, туку избор на граѓаните на САД. Наш избор е Србија и најдобра можна соработка со САД, рече Брнабиќ, одговарајќи на прашање на новинарите.

Таа рече дека Србија направила доста големи чекори во градењето добри односи со САД, дека треба да се чекаат резултатите од изборите во Америка, но исто така изјави дека Србија има одлична комуникација со сегашниот претседател Доналд Трамп, кој се кандидира за втор мандат.

Наше е да ги зачуваме нашите интереси, заклучи Брнабиќ.