Регион 07. септември 2018. / 20:21

Босна и Херцеговина: Тргнал со метла во претседателска кампања , па имал сообраќајка

Босна и Херцеговина: Тргнал со метла во претседателска кампања , па имал сообраќајка

Кандидатот за хрватски член на претседателството на Босна и Херцеговина , Јерко Иванковиќ Лијановиќ со сообраќајка ја почна предизборната кампања.

Кандидатот Лијановиќ на пат од Мостар кон Сараево имал сообраќајна несреќа со автобусот со кој требало да ја почне камшањата. До своите симпатизери на митингот , по сообраќајната несреќа , во која за среќа не бил повреден , дошол со метла во рака.

Тој се качил во автобус на редовната линија од Мостар , но возачот при паркирање на автобуска станица удрил во автомобил .

Во несреќата била причинета материјална штета и немало повредени. кандидатот успеал да стигне на митингот на кој се собрале само 11 симпатизери .

Лијановиќ на митингот пристигнал со метлата , како симбол што ќе направи доколку биде избран за член на босанското претседателство.