Постои план за воспоставување на координативно тело за решавање на прашањето на враќање на терористичките борци и членови на нивните семејства од Сирија, пишува „Дневни аваз“, повикувајќи се на информациите од Советот на министри на Босна и Херцеговина.
Според информациите кои Советот на министри го доставил до Собранието на БиХ, се планира воспоставување на координативно тело, а постапката за враќање на терористичките борци од Сирија и Ирак, како и членовите на нивнте семејства, жени и деца, ја води Министерството за надворешни работи, наведува „Дневни аваз“.
Се претпоставува дека во моментов во зоните зафатени од војната, се наоѓаат 120 државјани на БиХ, меѓу кои 50 деца. Според претходни информации на безбедносните служби, од почетокот на војната во Сирија и Ирак, на страната на Исламска држава се бореле 290 лица од БиХ, а загинале над 70.
Властите на БиХ за сите лица кои се бореле на страната на ИД, распишале меѓународна потерница.