Регион 25. јануари 2021. / 12:50

Борисов: Враќање на учениците во училиштето вреди да се ризикува

Борисов: Враќање на учениците во училиштето вреди да се ризикува

Покрај нашите напори и напорите на медиумите, не можеме да ги убедиме граѓаните дека вирусот е многу заразен и има луѓе кои умираат. Ова го рече бугарскиот премиер Бојко Борисов за време на работната средба со претставници на Советот за национална безбедност, штабот за вакцинација и министрите.

-Не можам да ги убедам, така си го објаснувам масовното прекршување на мерките на рестораните и баровите, приватни забави каде што се собираат 100 или повеќе луѓе. Луѓето кои се исплашени не можат да го прават тоа. Или луѓе кои знаат дека пандемијата и новата варијанта на вирусот е во воздухот, тие не можат да го сторат тоа, односно сè уште не можеме да објасниме колку е целата ситуација опасна, коментира Борисов.

Според него, сепак, враќањето на учениците во училиштето е нешто што заслужува ризик.

-За учениците и нивното ментално здравје и образование вреди да се ризикува. 480.000 одат од прво до четврто одделение и во градинки. Заразата сигурно ќе се прошири, но тоа можеме да го пресметаме и прифатиме како ризик, бидејќи тоа е во корист на иднината и на децата. Единствената работа со која што здравјето може да се натпреварува, тоа е образованието, категоричен е тој.

Премиерот Борисов го упати министерот за здравство Костадин Ангелов да се состане со претставници на ресторани, барови и ноќни клубови и повторно да разговара за можните опции за нивно функционирање.

-Сите нека се сетат дека пред еден месец имаше луѓе кои починаа во амбулантни возила. Немаше кревети во болниците, имаше луѓе на кои им беше многу тешко и се бореа за кревети. Тоа беше пред еден месец. За среќа, со нашите мерки, го запревме за неколку недели, рече премиерот.