Регион 01. март 2020. / 19:05

Борисов: Внимателно ја следам ситуацијата со мигрантите

Борисов: Внимателно ја следам ситуацијата со мигрантите

Бугарската Влада со големо внимание ја следи состојбата во Сирија и ситуацијата со мигрантите, објави на Фејсбук бугарскиот премиер Бојко Борисов.

„Во врска со ова, денеска разговарав со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен, канцеларката на Германија Ангела Меркел и премиерот на Грција Киријакос Мицотакис. Утре вечер во Анкара ќе имам средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган“, информира Борисов.

„Само преку заеднички напори и дипломатија може долгорочно да се реши проблемот со миграцијата“, оцени Борисов.