Регион 14. февруари 2020. / 20:07

(ВИДЕО) Борисов раскажа како го прислушкувале во тоалет

(ВИДЕО) Борисов раскажа како го прислушкувале во тоалет

Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави дека нема никаква врска со прислушкувањето на претседателот Румен Радев, но дека знае како тој се чувствува, бидејќи и тој самиот бил мета на прислушкување.

Тој ги коментираше обвинувањата на пратеникот на Бугарската социјалистичка партија, Антон Кутев, дека со негово одобрение било вршено прислушкување на претседателот Румен Радев.

Според кажувањето на Борисов, Државната агенција за национална безбедност и МВР користат за работа специјални средства за шпионирање со одобрение на суд. Тој исто така нагласи дека нема никаква врска со прислушкување.

– Ако некој е уловен, тоа не е моја вина… Кога партијата на Радев ме прислушкуваше во тоалет и кога ме снимаа, никого не обвинив. Само ги стиснав забите… Го прислушувал Борисов, како да не! Како тоа го замислувате – Државната агенција за национална безбедност доаѓа и ви вели, ние ќе го преслушкуваме претседателот и јас им давам дозвола. Апсурд!, изјави бугарскиот премиер.

На крајот од јануари обвинителството во Бугарија објави дел од телефонски разговор на претседателот Румен Радев и командантот на Вооруѓените сили Цанка Стојкова, во кој разговараат како да се објасни на Комисијата за борба против корупцијата именувањето на Десислава Радева на должност во оделението на пи-ар на војската во 2014 година.