Нека си ги продадат Мерцедесите и ќе имаат за да им исплатат плати на вработените – тоа е советот на бугарскиот премиер Бојко Борисов, откако претставници од бизнис заедницата му се пожалиле дека не можат да ги плаќаат вработените.
Борисов обвини дека бизнисмените, наместо да го прават тоа, во последнава недела постојано само бараат пари од државата и се жалат дека нема преземени мерки.
Нема дилема, ќе им помогнеме на економијата и претприемачите. Водиме и сметка дека без нив ќе нема приходи во Министерството за финансии. Сите наши напори се насочени кон зачувување работни места, рече Борисов.
Ноќе не можам да спијам, цело време размислувам што да направиме за да не влеземе во рецесија, додаде тој. Во последните години имавме раст на производството и на извозот, го намаливме долгот, немаше слободни работници за инвестициите. Сега сето тоа се уpна. И треба да мислиме како да направиме така што ќе продолжи да функционира државата, изјави Борисов.