Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов на седница на владата рече дека гасоводот Јужен тек не бил реализиран поради корупција.
Бугарскиот премиер во повеќе наврати изрази жалење поради неуспехот на реализацијата на Јужен тек.
– Првпат ги одбранивме интересите на Бугарија пред нашите евроатлантски партнери и партнерите од Брисел. Работиме со полна пареа, се ослободивме од корупциските шеми и механизми, поради кои беше прекината изградбата на гасоводот Јужен тек, Изградбата беше прекината поради корупција, поради ништо друго. Инаку и тој гасовод ќе го зачувавме – изјави Борисов на седница на владата.