Владиниот авон, со премиерот Бојко Борисов во него, е приземјен рачно на пистата на аеродромот во Софија, објави бугарската Влада. Авионот е приземјен успешно, настрадани нема, јавува БНТ.
До мерката дошло откако системот за навигација целосно откажал при обидот авионот да биде приземјен во Софија. Системот се исклучил и пилотите не успеале да го рестартираат. Така се наметнало да се премине на рачен режим на слетување.