Бугарската влада денеска ја продолжи вонредната состојба до 15 јули, а предлогот произлезе од главниот здравствен инспектор доцент Ангел Кунчев, јавуваат бугарските медиуми.
До 15 јули нема да се воведуваат нови мерки или да се враќаат старите, туку ќе се применуваат важечките, со тоа што ќе биде зголемена контролата. Одлуката уследи заради зголемениот број заболени од корона вирусот.
Но, интересен бил настапот на премиерот Бојко Борисов на почетокот на денешната владина седница.
-Колку доктори, доценти и професори рекоа дека пред мене ќе си ги скинат дипломите ако во јули вирусот не си замине како и секој грип?! Не само што не го снема, туку не поплави! Така што, види Ананиев, таму професорите да почнат да си ги кинат дипломите, зашто ништо не знаат. Очигледно не знаат. Тој не само што не си оди, не само што…Гледате, луѓето се заразуваат на ист начин како и во зимата. За среќа, се создава имунитет. Оздравени, повторувам, има се повеќе. Моментно ништо не правиме што психички би ги загрижило луѓето. Гледате, ги стопиравме и брифинзите, излегува…најточно е тестирањето. Сме тестирале скоро 3.000. Така што медиумите си добиваат информации и ги пласираат. Ние не сееме страв. И, се разбира, финансиско-економските мерки, што треба да продолжат во овој период, да продолжат, изјави Борисов.