Изминатата 2018 година беше исполнета со многу предизвици, напиша бугарскиот премиер Бојко Борисов на својот профил на „Фејсбук“.
-За прв пат Бугарија го презеде претседателството со Советот на Европската унија. Докажавме дека можеме да бидеме активни учесници во дебатите за развојот на ЕУ, миграцијата и пристапувањето на Западен Балкан во Унијата – наведува Борисов.
Тој додава дека Бугарија покажала оти е подготвена да ги брани националните интереси за важни прашања, како што се правата на бугарските државјани во Велика Британија по Брегзит.
-Докажавме дека можеме да бидеме лидер во регионот преку активни разговори со нашите соседи за реализација на заеднички проекти и развој на сите земји на Балканот – истакнува бугарскиот премиер.
Тој посочува дека во текот на годината многу работеле и на внатрешен план, обезбедувајќи висок државен буџет во согласност со растот на бугарскиот БДП, раст на пензиите, платите, како и дека посочиле посебно внимание на образованието и загрозените граѓани во општеството.