Силна експлозија одекнала рано утрово кај ресторан во населбата Текија во Мостар.
Оперативниот центар на Министерството за внатрешни работи на Херцеговачко-неретванскиот кантон соопшти дека на објектот била фрлена бомба, пренесува порталот „Кликс“.
-Екипите се на терен, ќе знаеме повеќе по увидот – соопштија од полицијата.
Сараевскиот портал наведува дека во инцидентот нема повредени, но е направена голема материјална штета.