Регион 28. ноември 2018. / 10:01

Болтон: Време е Србија и Косово да постигнат договор

Болтон: Време е Србија и Косово да постигнат договор

Советникот за национална безбедност на САД Џон Болтон смета дека „сега е време Косово и Србија да постигнат договор“.

Тој ова го изјави по состанокот со косовскиот претседател Хашим Тачи во Белата куќа.

– САД се подготвени да им помогнат на двете страни да ја постигнат оваа историска цел. – напиша Болтон на Твитер.

Косовскиот претседател исто така изрази оптимизам по средбата и му се заблагодари на Болтон за „целосната поддршка која Косово ја добива од оваа администрација“.

– Се согласивме дека во дијалогот има историска можност за двете страни која не треба да се пропушти. – рече Тачи. Според косовскиот претседател, тоа ќе помогне во напорите на Косово да влезе во НАТО, ОН и ЕУ.