Регион 24. август 2018. / 17:06

Болтон: САД ќе поддржат договор за територијални измени помеѓу Србија и Косово

Болтон: САД ќе поддржат договор за територијални измени помеѓу Србија и Косово

Советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џон Болтон денеска изјави дека САД се подготвени да поддржат евентуален договор за територијата помеѓу Србија и Косово, ако истиот биде постигнат.

– Ако двете страни можат да го решат прашањето, ние не исклучуваме територијални измени – посочи Болтон на прес конференција во Киев, по средбата со украинскиот претседател Петро Порошенко.

Болтон истакна дека „САД не можат да се мешаат во спорот помеѓу Косово и Србија“, повторувајќи оти ако Белград и Приштина постигнат договор, со кој двете страни ќе бидат задоволни, тогаш ќе имаат поддршка од Вашингтон.