Четири можности се разгледуваат во владејачката ГЕРБ за излез од политичката криза. Ова се дознава по средбата на Бојко Борисов со највисоките партиски функционери, јавуваат, медиумите.
Како прва можност се разгледува поднесувањето оставка на владата и одење на предвремени парламентарни избори. Меѓутоа, стравувањето на ГЕРБ е да не има реваншизам од страна на техничката влада, што ќе ја назначи претседателот Румен Радев.
Како втора можност се разгледува нов премиер и нови министри, откако ќе помине гласањето (не)доверба во парламентот. Во тој случај, владата ќе управува до крајот на мандатот.
Трета можност е смена на сите министри, а на чело на владата да застанат сите вицепремиери. Бојко Борисов во тој случај ќе ја напушти премиерската позиција.
И четвртата можност е, откако ќе помине гласањето доверба во парламентот, Борисов сам да побара гласање доверба, а ГЕРБ да гласа воздржано или против.
Така, претседателот ќе мора да сврти рулет со мандатите и ГЕРБ ќе го врати својот, притоа настојувајќи тој да и биде доделен на БСП, по што Корбелија Нинова ќе биде принудена да се изјасни со кои коалициони партнери ќе владее.
Конечната одлука се очекува да ја соопшти Борисов по враќањето од Брисел од средбата на Европскиот совет.