Најголемиот успех за бугарското претседателство со ЕУ е европската перспектива за земјите од Западен Балкан. Не може да има мир и просперитет на континентот додека целата Европа не е обединета. Ова го истакна бугарскиот премиер, Бојко Борисов за време на неговиот извештај за бугарското претседателство во Европскиот Парламент во Стразбур, објави БГНЕС.
„Самитот на 17-ти мај им помогна на Атина и на Скопје да го решат спорот за името, што е историски момент со кој се гордееме. Со Договорот за добрососедство помеѓу Бугарија и Македонија ја отворивме темата за Западен Балкан и дадовме личен пример. Ние сме прагматични, напорно работевме за поврзување на регионот“, изјави Борисов пред Европскиот Парламент.