Регион 06. февруари 2020. / 12:36

БиХ со големи проблеми поради обилни снежни врнежи и силен ветер

БиХ со големи проблеми поради обилни снежни врнежи и силен ветер

Интензивни снежни врнежи и ветрови предизвикаа големи проблеми во Босна и Херцеговина, но ситуацијата од утрово постепено се нормализира и сите сообраќајни правци повторно се проодни.

Како што соопштуваат официјални лица од Авто мото Сојузот на БиХ, во раните утрински часови, за сите возила бил отворен магистралниот пат Гламоч – Млиниште, додека на патниот правец Купрес – Шуица – Ливно привремено возат само патнички возила.

За камионите задолжително е да се користат зимска опрема на патиштата меѓу Сараево и Тузла, преку планински премини во централниот дел на земјата и во поширокото подрачје на планината Романија.

Мостар во текот на ноќта беше погоден од силни ветрови кои предизвикаа штета на деловните и станбените згради и возилата.

Малиот град Соколац во текот на ноќта беше целосно отсечен од светот затоа што ветерот урна далноводи, па немаше електрична енергија и вода.

Пристапот до градот беше расчистен утрово, но градоначалникот Милован Бјелица рече дека ќе биде потребно долго време за нормализирање на снабдувањето со електрична енергија.