Најмалку по еден човек дневно се откажува од државјанството на Босна и Херцеговина покажуваат податоците на Министерство за цивилни работи на некогашната југословенска република.
Според нив, во последните 20 години од пасошот на БиХ се откажале 80.000 граѓани, што е рамно на исчезнувањето на еден град, а демографиите предупредуваат дека државата на тој начин останува без работоспособно и репродуктивно население.
Најчестите причини за земање странско државјанство се економските фактори и егзистенцијалните проблеми.
Најмногу граѓани на БиХ се откажале од државјанството во 2003 година, кога тоа го сториле околу 9.000 луѓе, а потоа нивниот број се намалувал, за во 2016 година од босанскиот пасош се откажувал по еден човек дневно.
На лицата што сакаат да го вратат пасошот не им се потребни никакви документи за тоа, освен да приложат гаранција за добивање државјанство на друга земја.