Федерацијата Босна и Херцеговина од денеска и официјално е во финансиска блокада поради несогласувањата за буџетот за оваа година, што според процените би можело да има огромни последици за граѓаните.
Буџетот за 2019 година претходно доби поддршка во едниот дом на парламентот, но не може да стапи во сила додека не го потврди и вториот народен дом, на чие чело се наоѓа Лидија Брадара оа ХДЗ.
Босна нема усвоено ни одлука за привремено финансирање, која би можела да осигури сервисирање на расходите до 31 март. За усвојување на оваа одлука, исто така потребна е согласност од двата дома на федералниот парламент.
Последиците засега нема да ги почувствуваат единствено пензионерите, со оглед на тоа што за нив е потпишан налогот за исплата на јануарската пензија, но би имале проблем во февруари доколку не се усвои буџетот.