Регион 04. јуни 2020. / 17:15

Без нови заразени во Словенија, во земјата има само девет активни случаи

Без нови заразени во Словенија, во земјата има само девет активни случаи

Во Словенија, во последните 24 часа, се тестирани 828 лица и нема потврдено ниту еден нов случај на корона вирус.

Како што објави словенечката влада, не се регистрирани ниту нови смртни случаи, така што бројот на починати остана 109, а бројот на заразени лица од почетокот на епидемијата е сè уште 1.477.

Само пет лица сè уште се лекуваат на Универзитетскиот клинички центар (УКЦ) во Љубљана, но ниту еден пациент не е во посериозна состојба или на одделот за интензивна нега.

Според Институтот за јавно здравје, во државата има само девет активни случаи на корона вирус.