Регион 09. октомври 2019. / 15:47

Без изјави заврши средбата Тачи – Гренел

Без изјави заврши средбата Тачи – Гренел

Претседателот на Косово Хашим Тачи се сретна денеска со специјалниот пратеник на претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп за косовско-српските мировни преговори, американскиот амбасадор во Германија Ричард Гренел, а по средбата ниту едниот ниту другиот не дадоа изјави за медиумите.

Тачи го прими Гренел во својот кабинет, каде што медиумите имаа прилика да снимаат, но нема можност да ја проследат средбата или да земат изјави од соговорниците.

По посетата на Приштина, Гренер утре, според најавите, ќе отпатува за Белград, каде што треба да се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Заедно со Гренер во Косово не допатува американскиот пратеник за Западен Балкан Метју Палмер, како што тоа претпладнево преку објава на Твитер го најави американскиот амбасадор во Косово Филип Коснет.