Поранешниот албански премиер Сали Бериша предвидува драматични настани во регионот ако актуелниот премиер Еди Рама ја потпише спогодбата со Грција за новите граници. Во интервју за тиранската телевизија „Клан“, Бериша изјавил дека ако Рама ја потпише спогодбата тоа може да доведе до балканска војна.
„Ова што го подготвува премиерот Рама е нова поделба на албанските простори по што може да се предизвика конфликт“, рекол Бериша и додал дека договорот е на штета на Албанија и значи губење на нови простори по 1913 година.
„Имаме информации дека спогодбата е катастрофална за Албанија. Текстот е подготвен од страна на Грција која укажала дека нема да преговара“, рекол Бериша.
Албанската опозиција најавува спротиставување на спогодбата бидејки, како што велат, е на штета на Тирана.