Регион 08. јуни 2018. / 12:49

Берберот кој силуваше и ишиша девојче повторно се врати – цело село во паника

Берберот кој силуваше и ишиша девојче повторно се врати – цело село во паника

Нинослав Јовановиќ, бербер од село Малча, киднапер и силувач на деца, сега има 45 години и повторно е на слобода.

Пред 12 години киднапирал 13-годишно девојче, ја ишишал, а потоа ја силувал повеќе пати.

Во напушената куќа, според сведочењата на девојчето, таа била 48 часа. Каков хорор поминала знае само таа. Нејзиното семејство денес е очајно.

Ги земал нејзе и нејзинио брат, но брат ѝ го измамил со убедлива приказна и берберот останал сам со девојчето.

Девојчето на крајот избегало и се вратило дома.

Но, силувачот не застанал овде. Се обидел да силува уште едно девојче, но бил уапсен и осуден на 15 години завор. Казната му е намалена за три години и тој сега е на слобода.

-Жените многу се плашат, не смеат да излезат навечер нигде – вели еденод мештаните на Малча, каде силувачот се вратил жив.