Во привремената болница за сместување пациенти болни од Ковид-19 во белградската Арена во моментот се сместени 409 пациенти.
Како што соопшти еден од координаторите на ковид-болницата, д-р Влад Батножиќ, во Арена има место за само уште 101 пациент.
Батножиќ соопшти дека вчера биле примени 31 пациент, дека Арената брзо се полни и дека наскоро ќе бидат пополнети сите капацитети од 510 кревети.
Клиничката слика кај сите пациенти е потешка, затоа што полесните пациенти се во ковид амбулантите. Околу 250 болни се на кислородна терапија – додава Батножиќ.