Делови на Белград се целосно блокирани за сообраќај од утринава, поради снежните врнежи кој ја зафатија Србија.
Од агенцијата за автобускиот превоз во Белград велат дека состојбата низ улиците е катастрофална и не може да се одвива, пишува српски Курир.
Поради снегот многу од жителите тргнаа пешки до своите работни места.
Во Македонија се очекува да вее снег во текот на утрешниот ден, а за време на викендот ќе има особено ниски утрински температури.