Регион 21. мај 2018. / 18:50

Бебе во Србија се наоѓа во критична состојба, по пад од тераса

Бебе во Србија се наоѓа во критична состојба, по пад од тераса

Бебе на возраст на околу шест месеци паднало попладнево од терасата на вториот кат од стан, во центарот на Лесковац, при што завршило во болница во критична состојба, пренесуваат медиумите од регионот.

Според нивните сознанија, се работи за бебе на сопственикот на турската фабрика „Џинси Србија“, Јасин Дениз.

Порталот „Југомедија“, наведува дека детето било итно префрлено на детската неврохирургија во Ниш, каде лекарите се борат за неговиот живот.Не е познато како дошло до падот.