Регион 24. февруари 2020. / 10:35

Автомобил се заби во трамвајска станица во Загреб

Автомобил се заби во трамвајска станица во Загреб

Рано утрово автомобил удри во трамвајска станица во близина на главната пошта во Загреб, а повредениот возач е пренесен во болница.

Околу 4 часот утрово автомобил излета од коловозот, инфрмираат од загребската Полициска управа.

Сообраќајот на тој дел од патот бил привремено блокиран.

Возачот поради повредите бил пренесен во болница, информираат од полицијата.

Сообраќајот е нормализиран, а причините за несреќата ќе бидат познати по увидот.